Некогаш патиштата можат да бидат навистина чудни, па таква беше и на овој голман кој можеше да биде дел од Барселона, но на крајот заврши во редовите на англиски Кристал Палас.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кристал Палас го официјализираше трансферот на голманот Висенте Гуаита откако му истече договорот со Гетафе. Шпанецот така стана првото засилување за овој клуб.
Претходно се шпекулираше дека Гуаита е на мета на Барселона, но таму секако ќе мораше да прифати да биде резерва на Тер Штеген.
„Воодушевени сме што успеавме да потпишеме договор со еден од најдобрите голмани во Примера, победивме навистина силна конкуренција“, стои во соопштението од клубот.
Во минатата сезона Гуаита 12 пати ја сочува мрежата на Гетафе и така допринесе клубот од Мадрид да заврши на осмото место во Примера.
