Дома Фудбал Останато Беше најголем талент на Манчестер Јунајтед, а сега ќе игра во третата лига во ОАЕ

Беше најголем талент на Манчестер Јунајтед, а сега ќе игра во третата лига во ОАЕ

Равел Морисон во својата младост важеше за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Професионалната кариера Морисон ја започна во Манчестер Јунајтед, а неговиот талент го забележа Сер Алекс Фергусон. Се најавуваше дека еден ден може да биде главен играч на Јунајтед, но таквите очекувања никогаш не ги исполни.

Сега Морисон заврши во клубот Пресишион кој се натпреварува во третата лига во Обединетите Арапски Емирати.

Пред четири години Рио Фердинанд се обиде да објасни каков талент бил Морисон во младинските категории.

„Секогаш зборував дека кај ниту едно дете од 14 или 15 години не сум видел таков талент како кај него. Беше поинаков, посебен. Дури и денес кога порасна, погледнете ги снимките и ќе видите што прави. Ми испраќаше некои снимки од тренингот на Шефилд каде што ги мачеше одбранбените играчи. Лудо…“, зборуваше Фергусон.

Сепак кариерата на Морисон ја обележаа неуспесите. Се обидуваше во Вест Хем, Бирмингем, КПР, Кардиф, Лацио, Атлас, Остерсунд, Шефилд, Миделсброу, Ден Хаг, Дерби и Ди-Си Јунајтед, но во ниту еден клуб не успеа да стане важен играч.

Од 2020 година игра за Јамајка за која во 18 натпревари постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема крај на проблемите: Чуамени повторно ги разочара фановите на Мадрид

Орелиен Чуамени минува низ исклучително тежок период во својата кариера. Ќе биде вистинско…