Чави СИМОНС (21) игра одлична сезона за РБ Лајпциг како позајмен од Пари Сен Жермен. Младиот холандски играч за врска на 31 настап во Бундеслигата постигна седум гола и забележа 13 асистенции. Тој треба да се врати во ПСЖ на крајот од сезоната, но таму сè уште не се сигурни што сакаат да прават со него.
Парижаните немаат намера да го продадат, но се уште не одлучиле дали ќе го задржат во тимот и следната сезона. Одлуката ќе биде донесена пред Европското првенство, а најверојатната опција е нова позајмица, пишува Фабрицио Романо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Романо пишува и дека Лајпциг би го задржал Симонс на позајмица уште една година, а интерес пројавиле и некои клубови од Премиер лигата, а можеби најконкретни потези прави Барселона, каде Симонс веќе помина девет години.
Холанѓанецот во каталонскиот гигант пристигна како седумгодишен, а уште од најрана возраст од него се очекуваше многу. Но, на 16 години реши да замине во ПСЖ, каде не се снајде најдобро, па три години подоцна потпиша за ПСВ.
Во родната земја Симонс одигра блескава сезона, а ПСЖ веднаш ја искористи клаузулата според која го врати за само четири милиони евра, но веднаш го препрати во Лајпциг.
Дел од шпанските медиуми тврдат дека Симонс би сакал да се врати во Барселона, каде тренер ќе му биде Чави Ернандез, човекот по кој го доби името. Трансфермаркт вредноста на Симонс ја проценува на дури 80 милиони евра.