Нов член на Еурофарм Пелистер наскоро би требало да биде Илија Абутовиќ, ракометарот кој помина седум години во Вардар и прерасна во вистински миленик на скопската публика.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
35-годишниот дефанзивец би можел да се врати во Македонија каде што најголемиот успех го оствари со освојувањето на титулата во Лигата на шампионите ос Вардар.
Абутовиќ е блиску до договор со актуелниот шампион РК Еурофарм Пелистер, тврди специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“.
Српскиот дефанзивец претходните две сезони ги играше за француски Шарт. Пред тоа четири години беше дел од Рајн Некар Левен.
Нема дилеми дека неговото доаѓање во Битола ќе предизвика бурни реакции кај фановите на Вардар.