Плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата во дресот на Фулам.
Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а беше голема желба на Жозе Мурињо кој сакаше да го доведе во Рома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но во трката се вклучи Фулам, кој на крајот излезе како победник и го доби неговиот потпис.
Лукиќ утре ќе пристигне во Лондон на лекарски прегледи, а Фулам за неговиот потпис ќе плати 10 милиони евра.
Fulham are closing in on deal to sign Saša Lukić as new midfielder. Talks at final stages on €10m fee, Torino have accepted the proposal. ⚪️⚫️ #Fulham
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2023
Lukić, expected to agree on personal terms and fly to London in order to complete the move soon if all goes to plan. pic.twitter.com/U3vUTelfIE