Дома Фудбал Англија Беше „вишок“, сега е незаменлив, па Челзи му нуди нов договор

Беше „вишок“, сега е незаменлив, па Челзи му нуди нов договор

Со доаѓањето на Маурицио Сари на „Стенфорд Бриџ“, Давид Луиз дожовеа вистинска ренесанса и стана незаменлив дел од одбраната на „сините“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот минатата сезона падна во немилост на Конте, кој после една расправија го исфрли од тимот, па Давид Луиз беше на излезна врата.

Меѓутоа, оваа сезона со промена на тренерот тој е незаменлив дел од тимот, па раководството на Челзи реши да му понуди нов договор.

31-годишниот дефанзивец има договор до крајот на сезоната, па англискиот клуб ќе му понуди продолжување на договорот за уште една година.

Според политиката на клубот фудбалерите повозрасни од 30 години добиваат само едногодишни договори, а Давид Луиз се согласил и наскоро ќе стави потпис на истиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона очекува понуди за Феран Торес

Во моментот, Барселона нема примено официјална понуда за Феран Торес. Сепак, клубот смета …