Дома Фудбал Беспрекорно: Во детали објаснета перфектната одбрана со која Хрватска стигна до финалето (видео)

Беспрекорно: Во детали објаснета перфектната одбрана со која Хрватска стигна до финалето (видео)

Хрватскиот селектор Златко Далиќ со одличниот настап на Хрватска на Мундијалот во Русија стигна до кандитатурата за тренер на годината каде што конкуренти му се Дидие Дешам и Зинедин Зидан.

Селекцијата на Хрватска одигра фантастичен Мундијал каде што стигна до финалето во кое беше поразена од Франција, па јасно е дека тоа е причината поради која Далиќ се најде во одбраното друштво.

Далиќ со своето доаѓање не менуваше многу во составот, во главно истите играчи кои не беа во форма кај Анте Чачиќ кај него „процветаа“.

Светските медиуми се посебно воодушевени од пресингот кој го играа избранциите на Далиќ. Главниот збор го водеше Марио Манџукиќ кој од зад себе ги „влечеше“ играчите од средниот ред Модриќ, Ракитиќ и Брозовиќ.

Крилата, Перишиќ и Ребиќ помагаа на бековите Врсалјко и Стриниќ, односно Пивариќ, а Ловрен и Вида делуваа како посебна целина обезбедувајќи го грбот во случај топката да ги прелета нивните соиграчи.

Шведскиот тренер и аналитичар на својот Твитер профил објави кратко видео во кое презентира како Хрватите играат одбрана кај Далиќ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…