Актуелниот македонски шампион Шкендија соопшти дека ќе се раздели со својит најдобар фудбалер, Бесарт Ибраими.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најдобриот голгетер во историјата на Шкендија заминува откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.
„Горд сум што му служев на овој дрес и што бев дел од големите успеси на Шкендија. Можевме да направиме и повеќе, но јас го дадов најдоброто од себе во секој момент. Им посакувам на другите да го следат мојот пример и да остварат исти успеси“, истакна Ибраими.
Ибраими и се приклучи на Шкендија во 2015-та година и оттогаш постигна 147 гола за клубот од Тетово.