Играчот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва зборуваше за својот сонародник Кристиано Роналдо пред дербито во Премиер лигата.
Викендов на програмата е големото дерби на Манчестер, а Силва истакна дека Сити ќе се обиде да го запре Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека Роналдо одлично се справува и постигнува решавачки голови за Јунајтед. Тој може да го реши секој меч, па затоа ќе се обидеме да го запреме и да не му дозволиме да постигне гол. Меѓутоа, ние не играме против Кристиано, туку против Манчестер Јунајтед“.
„Ова е голем меч и многу важен за нас. Меѓутоа, јас се однесувам како и на секој друг меч и сакам да победиме“, изјави Португалецот.