Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната.
Барселона минатото лето силно го посакуваше Португалецот, но немаше финансиска моќ да го реализира трансферот, а Бернардо Силва се уште е голема желба на Каталонците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
29-годишниот Португалец минатото лето потпиша нов договор со Сити со важност до 2026 година, но во него има клаузула што ќе важи од летово и ќе се однесува само на Барселона и изнесува 58 милиони евра.
Силва веќе има договор со Барселона и негова голема желба е да се пресели во каталонскиот гигант.
🚨 Bernardo Silva wants to join Barcelona this summer — he is 'crazy' about becoming a Barça player.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 23, 2024
He believes his cycle at Manchester City is over and he has a release clause of €58m.
(Source: @ferrancorreas) pic.twitter.com/ce2ZX1J7vx