Дома Топ вести Бернардо Силва го известил Гвардиола дека сака трансфер во Барселона

Бернардо Силва го известил Гвардиола дека сака трансфер во Барселона

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва категорично побарал од клубот кариерата да ја продолжи во Барселона.

Бернардо Силва уште минатото лето сакаше да си замине од „Етихад“, но тогаш Гвардиола го убеди да остане, но му ветил дека ова лето ќе му биде дозволено да замине доколку пристигне понуда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и му поставиле цена од 90 милиони евра.

Силва го известил  Гвардиола дека сака да се пресели во Барселона, а неговиот агент Жорге Мендеш веќе работи на неговиот трансфер на „Камп Ноу“.

Каталонците се надеваат дека ќе можат преку преговори да ја намалат цената и се спремни да понудат 60 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…