Легендарниот претседател на Милан и поранешен сопственик, Силвио Берлускони јавно истакна дека е загрижен за проблемите кои ги има клубот од „Сан Сиро“.
Според Берлускони, во клубот постојат финансиски проблеми и се плаши дека во иднина тие проблеми може да станат уште поголеми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, изјави дека го загрижува фактот што новиот сопственик Јонгхонг Ли не се огласува и не презема ништо за ситуацијата.
„Знам дека постојат финансиски проблеми во клубот. Господинот Ли молчи, а тоа ме загрижува. Ако тимот продолжи да игра вака лошо, тогаш е можно дека Елиот Фунд ќе го преземе клубот на пролет. Вистински проблем ќе биде ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите. Тоа ќе значи нов минус на клубот и тоа од повеќе од 100 милиони евра“, рече Берлускони.
„Росонерите“ во летниот преоден рок потрошија 230 милиони евра на засилувања, но играат под сите очекувања и моментално се на 11-то место на табелата.