Роберт Левандовски ја освои наградата од ФИФА за играч на годината за 2020 пред Кристиано Роналдо и Лионел Меси.
Полскиот голгетер победи во изборот на селекторите, капитените и по еден новинар од секоја земја. Прославениот бугарски напаѓач, Димитар Бербаотов не разбира зошто Меси и Роналдо беа во финалето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Изненаден сум што двајцата беа финалисти. Не разбирам зошто се тука. За жал во фудбалот има многу работи зад сцената, каде што се и агентите. Не гледаме многу работи што се случуваат за камерите“, порача Бербатов.
Кога е победникот во прашање за Бербатов Левандовски е заслужен победник.
„Како и секогаш, секогаш има дебати кој е најдобар, но оваа година тоа не е важно затоа што Лева заслужено победи“, заврши славниот голгетер.