Дома Фудбал Останато Бербатов: Погба многу ме нервираше, секогаш ми ја одземаше топката

Бербатов: Погба многу ме нервираше, секогаш ми ја одземаше топката

Пол Погба денес посебно после заминуањето на Жозе Мурињо е еден од најважните играчи на Манчестер Јунајтед.

Францускиот фудбалер беше дел од младинските категории на „црвените ѓаволи“, но во ерата на Сер Алекс Фергусон никогаш не доби прилика да игра во првиот тим.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради тоа скоро бесплатно, Италијанците платија само оштета за тренирањето на Погба премина во Јувентус. Во италијанската Серија А носејќи го дресот на „старата дама“ стана еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Манчестер Јунајтед тогаш одлучи да го врати во своите редови и за него плати огромна сума. Погба како што споменавме сега е вистински лидер на Манчестер Јунајтед, но сигурно дека од него треба да очекуваме уште големи работи.

Поранешниот напаѓач на англискиот клуб, Димитар Берабтов се потсети на првиот тренинг на Погба во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед.

„Се сеќавам кога дојде да тренира со нас. Веднаш можеше да се забележи дека ужива што е тука и кога сте среќни тогаш најдобро ви оди. Брзо започна да го покажува својот талент, а мене многу ме нервираше што секогаш ми ја одземаше топката. Има долги нозе и не можете додадете кога тој е пред вас. Уште тогаш знаев дека поседува голем потенцијал и дека е пред него е голема кариера“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…