Дома Трансфер зона Бен Арфа се враќа и тоа во клубот кој е хит оваа сезона?

Бен Арфа се враќа и тоа во клубот кој е хит оваа сезона?

Францускиот интернационалец Хатем Бен Арфа наскоро би можел да пронајде нов клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Креативниот фудбалер за врска е без договор откако замина од Рен, а сега тренира два пати двневно со кондиционен тренер и преговара со неколку прволигаши од Франција..

Пред неколку дена се шпекулираше дека е блиску до потпис со Ница, но изгледа дека Нант има предност, барем така пишува француски „Л’Екип“.

Бен Арфа според најавите на истиот извор се сретнал со претседателот на клубот кој оваа сезона е хит во Лига 1 и договорот помеѓу двете страни е многу блиску.

32 годишниот фудбалер за врска промени многу клубови во текот на кариерата, но ретко каде се задржа подолго од сезона или две.

Секогаш важел за играч со голем талент, меѓутоа никогаш не го исполнил во целост веројатно најмногу поради неговиот карактер.

Иако веќе е во поодминати години во Рен потврди дека се уште може да игра фудбал на високо ниво. Бен Арфа на 41 натпревар постигна девет голови и додаде шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…