Дома Трансфер зона Бен Арфа го избрал новиот клуб, се враќа онаму каде што ја оживеа својата кариера

Бен Арфа го избрал новиот клуб, се враќа онаму каде што ја оживеа својата кариера

ben arfa

Потегот на Хатем Бен Арфа пред две години да ја напушти Ница и потпише за ПСЖ се покажа како целосно погрешен.

Откако го напушти Њукасл овој фудбалер одлучи да се врати во Франција каде што потпиша за Ница и таму ја оживеа својата кариера. Одигра две фантастични сезони и повторно го сврте вниманието на големите европски клубови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За негова нова дестинација го избра Пари Сен Жермен и на крајот тоа се покажа како погрешен потег. Од доаѓањето на „Паркот на Принцовите“ воопшто не ја доби минутажа која ја очекуваше и голем дел од натпреварите помина на трибините. Поради тоа беше јасно дека ова лето ќе мора да пронајде нов клуб.

Интерес за неговите услуги прво покажаа Бенфика и Рен, но на крајот во трката се вклучи и неговиот поранешн клуб Ница. Француските медиуми пренесуваат дека Бен Арфа разговарал со сите клубови, но дека на крајот донел одлука како слободен играч да потпише за Нива.

Потврдата за неговиот трансфер во Ница се очекува во наредните неколку денови.

Навистина интересно ќе биде како во Ница ќе функционира Бен Арфа со Марио Балотели, кој многу веројатно нема да го напушти клубот во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …