Трансфер во некој од најголемите европски клубови не е секогаш најдобар потег за младите фудбалери, така очигледно размислува и Калојан Костов.
Бенфика важи за клуб кој е добро место за еден млад и талентиран фудбалер, дека е така потврди и бугарскиот млад талент Калојан Костов кој заврши во Лисабон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За овој 16 годишен фудбалер кој игра како дефанзивец заинтересирани беа Интер и Јувентус, но денес пристигна потврда дека го комплетирал трансферот во Лисабон.
Костов така ќе се придружи на младинскиот погон на португалскиот тим со надеж дека набрзо ќе добие шанса да биде дел од првиот тим.
Во Бенфика тој преминува од бугарскиот второлигаш ПФЦ Септември Софија.