Кристиан Бентеке заминува од Кристал Палас на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Белгискиот репрезентативец оваа сезона игра во лоша форма и на 27 настапи во Премиер лигата постигна само два гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е дефинитивно ужасен учинок за играч од кого многу се очекува и заработува 120.000 фунти неделно.
И покрај бледата сезона Бентеке би можел да се најде на списокот на Белгија за Мундијалот, бидејќи Мичу Батчуаи заработи повреда.
Поради тоа раководството на Кристал Палас најверојатно ќе го почека Светското првенство, бидејќи ској добар настап во Русија може да му ја крене цената на напаѓачот.
Crystal Palace will look to sell Belgian striker Christian Benteke this summer. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/bGUnQipRHY
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 19, 2018