Дома Фудбал Бензема ја донесе „Златната топка“ на тренингот на Реал, Валверде покажа колку ја посакува 📸

Бензема ја донесе „Златната топка“ на тренингот на Реал, Валверде покажа колку ја посакува 📸

Карим Бензема пред неколку дена во Париз сосема заслужено ја освои „Златната топка“ за 2022 година која ја доделува „Франс Фудбал“.

Французинот денес ја донесе престижната награда на тренингот на „кралевите“, а посебно внимание привлече Феде Валверде. Добро може да се забележи дека „Златната топка“ очигледно е голема желба на Валверде, а многумина оваа фотографија ја споредија со онаа од пред четири години кога „Златната топка“ ја освои Кристијано Роналдо.

Ќе потсетиме, покрај Бензема признание во Париз освои и белгискиот голман Тибо Куртоа кој беше прогласен за најдобар на својата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не го пушта Страхиња и му подготвува одлична понуда

Познатиот Милан му понуди на српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ нов договор со дво…