Дома Трансфер зона Бензема: Реал Мадрид ќе биде мојот последен клуб!

Бензема: Реал Мадрид ќе биде мојот последен клуб!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема денес имаше пресконференција по повод новиот договор со „кралевите“ кој е со важност до 2021 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доколку Бензема до крај го одработи договорот ќе има 34 години, а самиот призна дека Реал ќе биде неговиот последен клуб.

„Ми се допаѓа филозофијата на Реал и сакам тука да ја завршам кариерата. За мене постои друг клуб како Реал и ова ќе биде последен клуб во мојата кариера“, изјави Бензема.

„Критиките се дел од животот, јас секогаш се трудам да го дадам максимумот. Штом луѓето ме критикуваат значи очекуваат повеќе од мене. За мене еден напаѓач не треба само да постигнува голови туку треба да учествува во играта и да создава шанси за другите. Јас секогаш мислам за тимот, бидејќи победата е поважна од се“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…