Шпански „АС“ пренесува дека Карим Бензема е се поблиску до заминување од Реал Мадрид.
Според последните информации, неименуван клуб од Саудиска Арабија е спремен на францускиот голгетер да му понуди 400 милиони евра за две сезони, но и улога во амбасадор за кандидатурата на Саудиска Арабија за домаќин на Светското првенство 2030 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така шпанскиот медиум пишува дека во Реал Мадрид се спремни Бензема да замине и се во потрага по негова замена.
Сезонава Бензема на 42 натпревари постигна 30 голови и подели шест асистенции. Во Реал Мадрид пристигна во 2009 година од Лион за 35 милиони евра и во Мадрид стана еден од најважните играчи на овој клуб во историјата.
Според податоците на „Трансфермаркт“, Бензема денес вреди исто така 35 милиони евра.