Дома Трансфер зона Бензема бил на чекор од трансфер во Јувентус

Бензема бил на чекор од трансфер во Јувентус

Карим Бензема во Реал Мадрид пристигна пред 12 години од Лион за сума од 35 милиони евра.

Тој трансфер се покажа како полн погодок за „кралевите“ бидејќи Бензема со години е еден од најдобрите играчи на Реал со кој освои се што можеше да се освои.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Meѓутоа на Бензема не му одеше баш најдобро на почетокот и после само една година бил блиску да си замине. Поранешниот играч на Јувентус Клаудио Маркизио откри дека Бензема бил блиску да премине во редовите на „старата дама“ но на крајот трансферот пропаднал.

„Бензема навистина беше блиску до Јувентус додека Чиро Ферара беше тренер. Немаше добра сезона во Реал и бираа помеѓу него и Игуаин. На крајот двајцата останаа, Игуаин три години подоцна премина во Наполи. Карим беше на чекор од Јувентус, за жал ништо не се случи“, изјави Маркизио.

Бензема остана во Реал за кој во досегашната кариера од 545 натпревари и постигна 272 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…