Дома Фудбал Белингам: Се плашам дека некој ќе ме разбуди од сонот кој го живеам

Белингам: Се плашам дека некој ќе ме разбуди од сонот кој го живеам

Фудбалерот на Реал Мадрид и на англиската репрезентација Џуд Белингем ја доби наградата Златно момче за 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белингам ова лето за 110 милиони евра пристигна во Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Европа.

Англискиот репрезентативец на 17 натпревари во дресот на „кралевите“ постигна 15 голови и четири асистенции.

Белингам во разговор со новинарите од Шпанија откри како се чувствува, а вели дека се плаши некој да не го разбуди од „сонот“.

„Сонувам, секој ден се плашам некој да не ме разбуди. Многу сум среќен во Реал Мадрид. Моја цел е да освоиме многу титули. Секој ден одам на тренинг со цел да станам подобар“, вели Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…