Белгиската олимпијка Ким Мејлманс се врати во Олимпиското село и треба да настапи на Зимските олимписки игри, а вчера објави драматично видео на Инстаграм.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таа низ солзи раскажува дкеа имала 12 негативни тестови, но и покрај тоа кога пристигнала во Кина морала да оди во изолација.
„Мислев дека ќе ме пуштат во Олимпиското село. На пат до селото Итната помош замина на друго место, каде што морам да останам седум дена со два ПЦР-тестови дневно и без контакт со никого. Оставена сум сама. Имав корона минатиот месец, па поради тоа пропуштив две трки од Светскиот куп. Во последните две недели направив 12 тестови, кои беа негативни, но сега ме сметаат пак за позитивна“, зборува Мејлеманс.