Дома Фудбал Белгиецот нема дилема кому да се додели епитетот најдобар: Фудбалот се игра против најдобрите!

Белгиецот нема дилема кому да се додели епитетот најдобар: Фудбалот се игра против најдобрите!

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар тврди дека Лионел Меси е најдобриот играч на светот, а дека Барселона е најдобриот тим во последните 15 години.

Челзи и Барселона ќе се сретнат во осминафиналето во Лигата на шампионите, а Азар очекува тежок двомеч.

„Секако, кога играте фудбалер, сакате да играте против најдобрите. Во последните 15 години ниту еден тим не е како Барселона, но исто така никој не е како Меси. Тој е најдобар фудбалер на светот“, истакна Азар.

Челзи во првиот меч ќе биде домаќин на Барселона на 22. февруари, додека реваншот е три недели подоцна на „Кам Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…