Денес беа одиграни натпреварите во рамките од 30-тото коло во македонската прва лига.
Беласица и Победа кои се борат за опстанок остварија победи. Беласица победи против Шкендија со 2:1 во Струмица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пепи Георгиев во 5-тата минута и донесе предност на Беласица, до удвојување на предноста Беласица стигна со автоголот на Бејтулаи. Конечните 2:1 ги постави Шефити на 20 минути до крајот на натпреварот.
Вардар на гости со головите на Бојан Колевски ја победија Македонија Ѓ.П со 0:2.
Работнички на домашен терен изгуби од Победа со 1:2. Емил Вијачки во 12-тата минута ги доведе во водство „романтичарите“, а Баже Илијоски на стартот на второто полувреме не реализираше најсторга казна. Во 74-тата минута Трајче Ефремов искористи грешка во одбраната и изедначи на 1:1, а две минути подоцна Ангелче Тимовски стрелаше за целосен пресврт.
Ренова со 1:0 (Бојан Миовски) славеше против Силекс, со истиот резултат и Шкупи славеше против Академија Пандев, голот го постигна Бесар Исеини.