Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува следното лето, а Реал Мадрид ќе се обиде истиот да му го продолжи.
Според информациите Реал му нуди едногодишен договор, додека Рамос сака договор на две години. Шпанските медиуми пишуваат дека постои желба од двете страни за договор, меѓутоа не е невозможно Рамос на крајот да замине од Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е сценарио кое во Мадрид не сакаат да се случи. Сепак шпански „АС“ пишува дека ако Рамос не успее да се договори со Реал може да заврши во Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам.
Освен тоа „АС“ тврди дека Рамос во САД би значел многу и за маркетингот како и дека му се допаѓа животот во САД. Рамос често пати е на одмор во Мајами и според информациите нема ништо против да живее таму.
Доколку се одлучи на ваков трансфер тој би бил следната ѕвезда после Гонзало Игуаин и Блез Матуиди кој ќе се приклучи на Интер Мајами.