Дома Фудбал Англија Бекам открива како добил „копачка во глава“ од Фергусон

Бекам открива како добил „копачка во глава“ од Фергусон

beckam

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам се потсети на времето додека настапуваше за Манчестер Јунајтед и на моментите кога сфатил дека Сер Алекс има прилично прецизен удар.

Бекам голем дел од својата кариера помина во Манчестер Јунајтед, но во летото 2003 година одлучи да го напушти „Олд Трафорд“ и во тогаш најголем трансфер во светот да премине во Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер од средината призна дека во Јунајред ги поминал најдобрите денови од својата кариера и дека е среќен што имал прилика да соработува со Сер Алекс Фергусон.

Меѓутоа, Бекам откри и дека Фергусон е човек кој има прилично слаби нерви и дека често пати знаел да се „истури“ на фудбалерите на Јунајтед.

„За поминатите 13 години во Јунајтед поминавме низ секакви моменти. Ферги често пати знаеше да влезе на терен за да ни покаже како најдобро да изведеме пенал или слободен удар. Кога ќе направевме грешка тогаш беше бесен. Се сеќавам дека имавме неколку лоши реакции против Арсенал, а потоа влезе во соблекувалната и тргна кон мене. Шутна некоја дрес кој беше подот, но одеднаш ме погоди и копачка во главата“, изјави Бекам и додаде:

„Сигурен сум дека немаше намера, ниту пак знаеше дека таму има копачка. Сите мислевме дека е само некој куп со дресови. Сепак, тогаш сфатив дека има прилично прецизен удар. Почнав да крварам, а тогаш реагираа докторите. Подоцна бев пренесен во болница и се брзо се заврши“, додаде Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четворица кандидати за наследник на Чави во Барселона

Иако во еден момент се чинеше дека Барселона нема да мора да се занимава со потрагата по н…