Дома Фудбал Англија Бекам од Мајами испрати порака до Роналдо

Бекам од Мајами испрати порака до Роналдо

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Дејвид Бекам во друштво на Мајкл Џордан и Томас Брејди присуствуваше на трката во Мајами. Бекам како што е познато е сопственик на клубот од овој град.

Во разговор за британски „Скај Спорт“ Бекам зборуваше за Манчестер Јунајтед каде што остави длабока трага.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„На Јунајтед промени му се неопходни. Навивачите се со тимот. Мислам дека менаџерите и играчите направија се што можеа оваа сезона“, смета Бекам.

Поранешната „седмица“ на Јунајтед зборуваше и за сегашната, Кристијано Роналдо. Бекам изрази желба Португалецот да остане на „Олд Трафорд“.

„Роналдо покрај Меси е најдобар фудбалер во светот веќе 15 години. Важно е да остане во Јунајтед. Тоа е важно и за навивачите не само за Кристијано. Се надевам дека ќе остане. Знаеме колку на Роналдо му значи клубот. Се уште го прави она што најдобро го знае – постигнува голови. Неверојатно е тоа во неговите години“, изјави Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …