Дома Фудбал Бекам: Не е тешко да се доведат Меси или Роналдо во Интер Мајами

Бекам: Не е тешко да се доведат Меси или Роналдо во Интер Мајами

Легендарниот Дејвид Бекам пред неколку години го основаше Интер Мајами кој минатата година и официјално почна да се натпреварува во МЛС лигата.

Бекам после завршувањето на кариера одлучи да остане во фудбалот, но на поинаков начин.

Целта на Бекам е да доведе што поголем број фудбалски ѕвезди во МЛС. Првото звучно име кое пристигна беше Гознало Игуаин, а по него за Интер Мајами потпиша и Блез Матуиди.

Се шпекулира дека Бекам во Интер Мајами сака да доведе некој од Меси или Роналдо.

„Секогаш се зборувало за доаѓањето на некои големи ѕвезди откако ќе завршат со играњето во Европа и за тоа ќе се зборува и во иднина.

Искрено за нив тоа не е тешка одлука затоа што Мајами е прекрасен град, а нашиот клуб има многу навивачи. Затоа мислам дека не е тешко да се доведат Меси или Роналдо кога знаеш што се можеш да им понудиш“, изјави Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…