Дома Трансфер зона Бекам има нови мети за Интер Мајами: Двајца од Реал, еден од Барса

Бекам има нови мети за Интер Мајами: Двајца од Реал, еден од Барса

Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам е решен во намерата да направи супер силен тим на Флорида.

Многу големи имиња на светскиот фудбал се поврзуваат со неговиот клуб, а според наводите на англиските медиуми Герет Бејл и Хамес Родригез се новите имиња кои се негова мета.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дуото е на излезни врати од Реал Мадрид, Зидан не смета нив, а Бекам сака да ја искористи шансата да ги доведе на Флорида.

Бејл неодамна призна дека би сакал да игра во МЛС. Меѓутоа истакна дека како град го сака Лос Анџелес, но веројатно и Мајами не би му пречело ако понудата на Бекам биде добра.

Хамес исто така се поврзуваше со МЛС клубовите. Тој наводно е поблиску до тимот на Бекам од Бејл. Трет фудбалер кој се поврзува со Интер Мајами е Артуро Видал.

Ако успее да ги доведе овие тројца со уште некое засилување Интер Мајами сигурно би бил кандидат за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…