Сопственикот на новиот тим од МЛС лигата, Интер Мајами, Дејвид Бекам сака да ја донесе суперѕвездата Лионел Меси задебитантската сезона на тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новиот клуб од Флорида ќе дебитира во елитната американска фудбалска лига во 2020 година. Бекам, кој е сопственик на клубот смета може да му понуди примамливи услови на Лео Меси.
Аргентинецот има договор со Барселона на уште три сезони, а за почетокот на сезоната 2020.21 во МЛС тој ќе има полни 33 години.
Околу 70% од населението на Флорида е составено од јужноамериканци, кое може да биде плус при евентуалните преговори.
Бекам има големи амбиции со клубот и сака да донесе една голема ѕвезда за дебитантската сезона, а прва мета е токму Меси.
? [DailyMail] | David Beckham, president of Inter Miami targets Lionel Messi in 2020. pic.twitter.com/35OsaPKt85
— BarcaTimes (@BarcaTimes) September 16, 2018