Дома Фудбал Бекам: Ги сакам Меси и Роналдо во Интер Мајами

Бекам: Ги сакам Меси и Роналдо во Интер Мајами

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам не крие дека има големи амбиции и сака во Интер Мајами да ги доведе Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Како што е познато Бејл го води тимот на Интер Мајами. Клубот се засилува, а таму веќе играат големи европски имиња како Игуаин и Матиуди. Во јавноста констатно се шпекулира за нови имиња во неговиот тим, а самиот Бекам потврди дека сака да ги види во дресот на Интер Мајами, ниту повеќе, ниту помалку туку Меси и Роналдо.

„Ние сакаме да донесеме одлични фудбалери. Нормално дека такви се Меси и Роналдо. Од првиот ден кога дојдов кажав дека сакам нашата академија да биде важен дел од клубот, но во исто време навивачите сакаат да гледаат ѕвезди на теренот. Веќе ги имаме Матуиди и Игуаин кои ни донесоа гламур и сјај. Во иднина ќе се обидеме да довеме нови големи имиња“, изјави Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…