Вардар и Гостивар во денешното дерби од Втората лига одиграа реми без голови 0:0.
Oва беше натпревар кој привлекуваше големо внимание затоа што беше директен дуел помеѓуе екипите кои се на втората и третата позиција, пред натпревари делеше само еден бод разлика. Вардар имаше 55, Гостивар 54, Воска е лидер со 56.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По ова реми на двата конкуренти, Воска со победа во утрешниот натпревар ќе има прилика да ја зголеми разликата.
Фантастична беше атмосферата во Маџари, преполни беа трибините на стадионот „Борис Трајковски“, а дел од навивачите и не успеаа да дојдат до место на стадионот. Па се снаоѓаа од различни позиции.
На теренот гледавме голема борба, а Гостивар си направи проблеми откако во 34-тата минута остана со играч помалку, директен црвен картон заработи Стојчевски. Гостивар и со играч помалку беше конкурентен во второто полувреме, гледавме шанси и на двете страни.
Место во најдобрата конкуренција во македонскиот фудбал обезбедуваат двете првопласирани екипи, додека третиот ќе игра бараж.