Дома Македонски спорт Мак фудбал Бајевски: Доведовме играчи кои знаат како се освојуваат титули со Вардар!

Бајевски: Доведовме играчи кои знаат како се освојуваат титули со Вардар!

Пред стартот на пролетниот дел од ВМФЛ-ЗАПАД се обрати спортскиот директор на Вардар, Александар Бајевски.

Бајевски верува дека со новите засилувања Вардар е посилен тим во однос на првиот дел од сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


“Со вчерашниот потпис на Бенјамин Демир го заокруживме овој зимски преоден рок во Вардар во кој покрај него ангажиравме уште четири нови играчи Филип Гачевски, Дарко Мицевски, Ване Јованов и повратникот од позајмицата во Осогово, талентираниот Иван Мицевски. 

Апсолутно сме задоволни од тоа како се одвиваше преодниот рок и драго ми е што доведовме се она што посакувавме, бидејќи засилувањата претставуваат огромен квалитет, репрезентативен калибар, потенцијал и влог во иднината. Играчките и човечките квалитети кои ги поседуваат им овозможија на сите новајлии брзо и лесно да се вклопат во системот и со својот професионален однос кон обврските да се прилагодат на нашите барања, свесни за тоа каква тежина носи вардаровиот дрес, сконцентрирани на основната цел зацртана од клубот која што е враќање во првата лига.

Доведовме играчи кои пред се знаат како се освојуваат титули со Вардар и кои се со целото срце во клубот. Целосно верувам во тимот кој го имаме во моментов, убеден сум дека имаме најдобар тим во лигата и доволно квалитет да ги исполниме сите наши цели, не само во моментов туку и во иднина. Лично сметам дека тимот е 70% посилен од првиот дел на сезоната и не се сомневам дека истиот понатака се повеќе ќе напредува во сите сегменти. Помеѓу имињата кои го засилија тимот би го вклучил и Никола Ристески од кого очекуваме во потполност да го покаже својот полн потенцијал откако по доаѓањето подоцна се вклучи во натпреварувачкиот ритам.

Посебно сме горди во клубот што на подготовките промовиравме и неколку млади играчи кои со својот однос и квалитет потполно ја оправдаа нашата доверба. Вардар мора да се потпира на своите деца и определба на клубот е токму тие да го сочинуваат костурот на тимот во иднина. Во името на клубот сакам да им се заблагодарам и на играчите кои во меѓувреме го напуштија клубот, за нивната професионалност и посветеност кон клубот и да им посакам успех во понатамопшниот дел од нивните кариери во и вон фудбалот. Им порачувам на сите навивачи и симпатизери на Вардар да продолжат да не поддржуваат на сите натпревари, да веруваат во овој тим, а сите ние во клубот ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата и да се вратиме онаму каде што припаѓаме, а тоа е на врвот на македонскиот фудбал”, изјави Бајевски за клупскиот сајт.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…