Дома Фудбал Италија Баш „јувентувски“: Аталанта играше, Јувентус предводен од Игуаин ја разби во финишот! (ВИДЕО)

Баш „јувентувски“: Аталанта играше, Јувентус предводен од Игуаин ја разби во финишот! (ВИДЕО)

Денес во еден од натпреварите кои привлекуваа поголемо внимание Аталанта на свој терен го пречека бранителот на тронот Јувентус.

Аталанта добро започна, во 18-тата минута домаќинот доби и пенал, меѓутоа Баров не го реализираше и ја погоди само пречката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во продолжение видовме по некоја шанса на двете страни, но мрежите мируваа.

Аталанта прва стигна до предност преку Госенс во 56-тата минута. Тогаш изгледаше дека Јувентус денес нема да победи, Аталанта имаше и предност и беше подобриот тим на теренот.

Сепак, баш онака како што многу пати победил до сега Јувентус успеа да направи пресврт. Игуаин во 74-тата минута во еден каранбол успеа да се снајде и да изедначи, а само осум минути подоцна после асистенција од Квардадо Аргентинецот го постигна и својот втор гол за целосен пресврт.

Конечните 3:1 во судиското продолжение ги постави Паоло Дибала. Треба да се истакне дека Игуаин и при овој гол имаше големо значење затоа што токму тој одлично додаде до Дибала кој потоа си направи простор и погоди.

Со овој триумф Јувентус се одлепи на четири бода од Интер кој вечерва го игра својот натпревар од ова коло против Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…