Дома Фудбал Останато Батистута: Марадона е поезија, Меси е проза

Батистута: Марадона е поезија, Меси е проза

Денешната изјава на легендарниот аргентински напаѓач за „Кориере Дело Спорт“ силно одекна во фудбалскиот свет.

Кога Лео Меси го престигна по бројот на голови во репрезентацијата на Аргентина, Габриел Батистута, призна дека не му било сеедно и дека некое време бил депресивен поради тоа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Дали поради тоа или пак поради некоја друга причина, „Батигол“ никако не се сложува со оние кои Меси го прогласуваат за најдобар во историјата.

Диего е најдобар на сите времиња. Диего е икона, тој е симбол на Аргентина. И тоа не е само фудбалска работа, тој има харизма и нешто натчовечко во себе. Меси во тој поглед не му е ниту до колена“.

„Меси е страшен фудбалер, технички неверојатен, но во целина не е голем играч како Диего. Толку голем не е никој. Диего целиот терет можеше да го преземе на себе, можеше да управува со целиот стадион, сите кои играа со него се чуствуваа сигурно, Меси ја нема таа сила“.

„Марадона е поезија, Меси е проза“

„Според мене не е сериозно да се споредуваат Меси и Марадона иако Меси постигна повеќе голови, едноставно не е нивото на Диего и никогаш нема да биде“, заврши Батистута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …