Легендарниот аргентински напаѓач Габриел Омар Батистута во времето кога го играше најдобриот фудбал беше еден од најбараните фудбалери во светот.
Поголемиот дел од својата кариера Батистута ја помина во Фиорентина за која одигра 269 натпревари и постигна 168 голови. Тогаш за него интерес покажаа најголемите клубови во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите фудбалски гиганти сакаа да го имаат во своите редови, но тој не сакаше да ја напушти Фиорентина, а сега конечно откри зошто го направил тоа.
Кога Реал Мадрид покажуваше интерес се очекуваше Батистута да ја прифати понудата, но тој трансфер не се реализираше.
„Никогаш не уживав да бидам ѕвезда. Не го сакав тоа затоа што кога сте ѕвезда вие веднаш сте во центарот на вниманието и треба да превземете поголема одговорност. Добив многу понуди од Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Милан…Но јас го сакав мирното играње за Фиорентина. Доколку направев трансфер во Реал Мадрид ќе постигнев повеќе од 200 голови и ќе ми беше досадно“.
„Слична ќе беше ситуацијата и во Милан. Без разлика што не освоив некој голем трофеј се сметам себе си за победник бидејќи и помогнав на Фиорентина да биде конкурентна со европските гиганти“, заклучи Батистута.
Oсвен за Фиорентина каде што настапуваше од 1991 до 2000 година, Батистута го носеше ресот на Њуелс Олд Бојс, Ривер Плата, Бока Јуниорс и Ал Араби.