Дома Фудбал Англија Откриено е зошто Баркли во последен момент му кажа НЕ на Челзи

Откриено е зошто Баркли во последен момент му кажа НЕ на Челзи

Рос Баркли на крајот на изминатата сезона одби да го продолжи договорот со Евертон. Играчот за врска силно сакаше да ги напушти „Карамелите“, но во последен момент остана нејасно зошто се откажа од толку посакуваниот трансфер.

Играчот на Евертон имено, беше на чекор од потпис со Челзи, а британските медиуми пишуваа дека тој дури и стигнал на „Стемфорд Бриџ“ за да ги направи потребните лекарски прегледи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, Баркливо последен момент се откажа од потписот, а харизматичниот Џои Бартон открива зошто сето тоа се случило.

Фудбалерот на Барнли, истакна дека Баркли сакал да потпише за Челзи, но дека се откажал бидејќи не можел да стапи во контакт со тренерот на „Плавите“, Антонио Конте.

„Слушнав навистина интересна приказна што се случило со трансферот на Баркли. Конте го исклучил својот телефон, а претставниците на Баркли постојано се обидувале да го исконтактираат“, истакна Бартон за Токспорт, па продолжи:

„Тој само сакаше да праша на која позиција ќе игра, но Конте го исклучи телефонот. Поради тоа малку се исплашил и се откажа од потпис. Помисли, ако тренерот не се јавува на телефон, тогаш очигледно не ме ни посакува, по што се врати во Евертон“, додаде Бартон, некогашниот фудбалер на Њукасл и Манчестер Сити.

Бартон е познат како некој кој „нема влакна на јазикот“, па не е чудно во неговата изјава да има вистина, колку и да е откажувањето на Баркли чудно и нејасно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со …