Дома Фудбал Англија Бартон и Хески ОСТРО го нападнаа Венгер: Се однесува како пијан тинејџер кој чека некој да го исфрли!

Бартон и Хески ОСТРО го нападнаа Венгер: Се однесува како пијан тинејџер кој чека некој да го исфрли!

venger

Арсенал повторно не е на нивото на кое се очекуваше, „топџиите“ во овој момент се наоѓаат на шестото место во Премиер лигата со 13 освоени бодови.

Тоа не им се допаѓа на многумина фудбалери на Островот, а сега по повод лошите резултати на Арсенал се огласија Џои Бартон и Емил Хески.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секако Бартон зборуваше без „влакна“ на јазикот.

„Ова се загрижувачки работи ако сте навивач на Арсенал. Секој од нас знае дека Венгер беше страшен тренер во Премиер лигата. Лично сум голем фан на сето она што го направи, но некогаш треба да си заминете од журката за да не останете предолго. Минатата година беше одлична шанса тој да го отстапи своето место на некој друг. Некогаш е подобро од журка да си заминете околу полоноќ, но сега е четири часот натуро, а тој се однесува како некој пијан тинејџер кој чека некој да го исфрли“, изјави Бартон.

Интересно е мислењето на Емил Хески кој смета дека Арсенал веќе го изгубил победничкиот менталитет.

„Арсенал следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони. На овој клуб потребно му е големо „реновирање“. Менталитетот мора да се промени. Играв во ерата кога играчите на Арсенал имаа победнички менталитет, кога сакаа да ја освојат секоја топка, да победуваат секоја недела и да го освојат секој трофеј. Клубот тоа сега го нема и изгледа срамежливо“, изјави Хески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…