Дома Фудбал Бартомеу тврди: Меси веќе потпиша

Бартомеу тврди: Меси веќе потпиша

По малку чудни вести ни стигнуваат од Барселона.

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, тврди дека договор со Лионел Меси веќе е постигнат и дека Аргентинецот иако не го потпишал ги добива условите од истиот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Се надеваме дека ќе потврдиме и официјално до крајот на годината, но тој веќе е потпишан од страна на неговиот татко кој преговара во негово име. Потпишавме до 2021 година и Меси веќе игра според условите од новиот договор“, изјави Бартомеу.

Сепак медиумите во Шпанија сметаат дека Бартомеу со ваквите изјави сака само да ја смири ситуацијата и да го зачува своето престедателско место.

Меси до сега не се изјасни во јавноста, тој зборува на теренот игра во одлична форма, а навивачите на Барселона се надеваат дека кога ќе прозбори ќе го потврди неговото останување на „Камп Ноу“.

Да потсетиме, Меси со Барселона има официјален договор до 2018 година, додека како што споменавме Бартомеу тврди дека договорот до 2021 е веќе потпишан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Румениге пред реваншот против Реал Мадрид: Чувствувам еуфорија и тоа не ми се допаѓа

Во Баерн Минхен не сакаат да паднат во замката на преголема самоувереност и покрај преднос…