Иако се појавија проблеми, сепак како што сега стојат работите изгледа дека Барселона ќе успее да го доведе Обамејанг.
Обамејанг од утрово е во Барселона во очекување да потпише за Барселона. По неговото пристигнување беше објавено дека договорот со Габонецот пропаѓа. Сепак, изгледа Барселона пронашла начин да го доведе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Експертот за трансфери Фабрицио Романо, но и уште неколку познати шпански медиуми пренесуваат дека има договор и тоа не за позајмица туку за перманентен трансфер. Во овие моменти клубовите работат на финализирање на документацијата, додека подготвени се и медицинските прегледи за Обамејанг.
Засега нема повеќе информации и детали за финансиските услови од наводниот перманентен трансфер. Преодниот рок завршува вечерва, па очигледно Барса ќе има „трка со времето“.
Barcelona are preparing contracts and paperworks for Pierre-Emerick Aubameyang. Final stages of the negotiations – and medical now in place. 🚨 #FBC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2022
Arsenal are completely out of the negotiation. They’ve just allowed Aubameyang to leave. pic.twitter.com/X4QAimerCf