Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.
За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според каталонски „Спорт“, Каталонците на лето се спремни да го продадат, но за неговата слобода бараат 100 милиони евра.
За услугите на Де Јонг се заинтересирани неколку англиски тимови, меѓу кои се Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи.
Барселона веќе ја добила првата понуда од Тотенхем од 60 милиони евра, но каталонскиот клуб бара повеќе.