Каталонскиот гигант Барселона многу веројатно ќе остане без ангажман на талентираниот дефанзивец на Ајакс, Матијас Де Лихт.
Според информациите до кој дојде шпански „АС“ повикувајќи се на извори блиски на клубот, талентираниот стопер најверојатно нема да заигра на „Ноу Камп“ и ќе заврши во Баерн или Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Веруваме дека Де Лихт на крајот ќе заврши во Баерн или Јувентус. Се обидовме се, но повеќе не можеме бидејќи Де Лихт го прави она што ќе му го каже Раиола“, изјавил за „АС“ изворот од Барселона.
Шпанскиот шампион имаше намера во пакет од Ајакс да го доведе и Франк Де Јонг. Сепак, како што стојат работите, Де Лихт е изгубен, но затоа Де Јонг се уште е опција за Каталонците.
Де Лихт привлече навистина големо внимание бидејќи со само 19 години веќе е еден од најдобрите дефанзивци на Стариот континент.
https://www.youtube.com/watch?v=GqPsndIojKg