Дома Топ вести Барселона: Чави се враќа дома после шест години!

Барселона: Чави се враќа дома после шест години!

Доцна во ноќта, поточно во два часот по полноќ стигна и потврдата од Барселона дека Чави се враќа на „Камп Ноу“.

Се беше веќе јасно претходно, Ал-Сад прв потврди дека Каталонците ќе ја платата откупната клазула, а компромисот бил Чави да плати половина од тие пет милиони евра. Вчера Чави и се збогуваше со раководството и играчите на катарскиот клуб каде што остваруваше одлични резултати.

„Чави Ернандез се враќа дома после шест години откако се збогуваше на „Камп Ноу“, соопштија од Барселона.

Најавите се дека Чави пред медиумите ќе биде промовиран на 8. ноември. Во Ал Сад Чави беше од 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Десаи со поддршка за Манчини: „Нема подобар за Италија во оваа криза“

Марсел Десаи верува дека обновата на Италија е на вистинскиот пат, но предупредува дека са…