Дома Трансфер зона Барселона треба да продаде играчи за 124 милиони евра!

Барселона треба да продаде играчи за 124 милиони евра!

Проектираниот буџет на Барселона од над 1 милијарда евра ги задолжува Каталонците да инкасираат 124 милиони евра од продажба на фудбалери, пренесува „Марка“.

Трансферите треба да бидат комплетирани пред 30-ти јуни 2020 година, кога ќе се затвори годишниот буџет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На „Камп Ноу“ се надеваат дека ќе ја добијат скоро целата сума само од трансферот на Филипе Кутињо во Баерн. Бразилецот се пресели во Минхен во летниот преоден рок на позајмица со право на откуп за 120 милиони евра.

Притоа, Иван Ракитиќ може уште во јануари да ја напушти Барселона, откако тренерот Валверде даде „зелено светло“ за трансферот.

Ист е случајот и со Артуро Видал, кој најдоцна до јуни најверојатно ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…