Дома Топ вести Барселона спреми „фараонска“ понуда за Кулибали

Барселона спреми „фараонска“ понуда за Кулибали

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Барселона е спремно да плати неверојатна сума од 120 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Сенегалецот се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во светот и Барселона нема да жали пари за да го донесе на „Камп Ноу“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За Кулибали интерес покажуваат и англиските клубови, а неодамна излезе информација дека Наполи одбил понуда од 100 милиони евра за дефанзивецот.

Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Барселона е спремна да плати 120 милиони евра, колку што бара претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Доколку навистина се реализира овој трансфер Кулибали ќе стане најплатен дефанзивец на сите времиња и еден од најскапите фудалери воопшто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…