Дома Топ вести Барселона си бендиса тројца дефанзивци од Серија А

Барселона си бендиса тројца дефанзивци од Серија А

Раководството на Барселона сака по секоја цена да ја засили дефанзивната линија во зимскиот преоден рок, особено после повредата на Умтити, пренесуваат каталонските медиуми.

Барселона има сериозни проблеми во одбраната оваа сезона, а повредата на Умтити додатно го искомплицира работите, па приоритет на тимот во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона сака да донесе веќе афирмиран дефанзивец во своите редови, а според медиумите на списокот се наоѓаат три имиња од Серија А.

Станува збор за дефанзивците на Интер, Стефан де Вриј и Милан Шкриниар, како и за стоперот на Наполи, Кулибали.

Прв избор на Каталонците е токму Кулибали, но Наполи за неговата слобода бара сума приближна до 100 милиони евра. Поради тоа тешко е да се поверува дека овој трансфер е можно да биде реализиран.

Интер исто така тешко ќе се откаже од Шкриниар, а Де Вриј ова лето пристигна на „Џузепе Меаца“, но Каталонците не се откажуваат и спремаат богата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…