Барселона се приклучи во трката за дефанзивецот на Аталанта, Кристиан Ромеро, пренесуваат италијанските медиуми.
Аргентинецот одигра одлична сезона сезона во Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А. Аталанта го откупи неговиот договор за 16 милиони евра бидејќи фудбалерот беше на позајмица од Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тотенхем веќе неколку дена преговара со Аталанта за трансферот и за потписот на Ромеро понуди 55 милиони евра.
Сега во трката за дефанзивецот се приклучи и Барселона, која е во потрага засилување на одбраната.
Во овој момент Тотенхем е во преднот бидејќи ја има највисоката понуда, но Ромеро преферира преселба на „Камп Ноу“.
EXCL 🚨Scende in campo anche il #Barcelona per #Romero. 🇦🇷 Oggi è stata presentata la prima proposta all’#Atalanta. Come anticipato i #blaugrana fanno sul serio per il difensore argentino fortemente richiesto anche dal #Tottenham. #THFC
— Gianluigi Longari (@Glongari) July 28, 2021