Дома Фудбал Барселона сепак без Меси против Бетис

Барселона сепак без Меси против Бетис

Барселона вечерва го пречекува Бетис во рамките на 2-то коло од Примера, но каталонскиот гигант ќе биде значително ослабен за овој дуел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Валверде нема да може да смета на повредениот Луис Суарез, а иако се очекуваше дека ќе биде повикан, сепак на крајот Лионел Меси не е во групата играчи за овој меч.

Аргентинецот веќе два дена тренира заедно со остатокот до тимот, но не успеа целосно да се опорави за овој меч.

Исто така во составот го нема ниту Осман Дембеле кој продолжува да се опоравува од повредата, па Валверде во списокот го стави 16-годишниот напаѓач Ансу Фати.

Еве ги играчите кои ќе се обидат на Барселона да и ја донесет првата победа во новата сезона: Тер Штеген, Пења, Семедо, Пике, Лангл, Алба, Умтити, Фирпо, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Рафиња, Роберто, Де Јонг, Видал, Гризман и Фати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…